Руската црква ја поздрави одлуката на СПЦ да го обнови канонското општење со Македонската црква

Руска православна црква/ Фото: ЕПА

Руската православна црква ја поздравува одлуката на Српската православна црква да го обнови канонското општење со МПЦ-ОА.

„Руската православна црква ја поздравува одлуката на Српската сестринска црква да ја обнови канонската заедница со Македонската православна црква, Охридската архиепископија“, рече Николај Балашов од Московската патријаршија, истакнувајќи дека тоа претставува „надминување на полувековниот црковен раскол“.

Претходно, Светиот архиерејски синод на СПЦ соопшти дека го признава канонскиот статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и најави повторно воспоставување на литургиско општење со неа.

Воедно, се забележува дека во дијалогот за идниот и конечен канонски статус на МПЦ, раководството на СПЦ ќе постапува исклучиво согласно канонските и црковните норми и принципи „без геополитички и црковнополитички“ пристап.

„Српската православна црква претходно не го призна делот што се отцепи од неа во Северна Македонија, наречен ‘Македонска православна црква’, кој како таков беше признаен од македонските власти и од Вселенската патријаршија“, пишуваат српските медиуми.

Во оваа насока, секретарот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук, рече дека Руската православна црква (РПЦ) ги признава ексклузивните канонски права на Српската православна црква (СПЦ) во Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот