Руската анексија го вжештува конфликтот и доведува во опасност милиони луѓе, порачува ОБСЕ

ОБСЕ
ОБСЕ / Фото: Архива на Слободен печат

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска ја осуди илегалната анексија на Украина од страна на Русија.

Наведувајќи дека одлуката на рускиот претседател Владимир Путин е неприфатлива, ОБСЕ соопшти дека „оваа акција на Руската Федерација, која вклучува воена мобилизација и неодговорни нуклеарни закани, води само кон поголема ескалација на конфликтот, ставајќи во опасност милиони животи и предизвикувајќи дополнително непотребно човечко страдање”.

„Чекорот објавен денеска е јасно кршење на основните правила на меѓународното право, принципите на ОБСЕ и Повелбата на ОН”, се вели во соопштението.

ОБСЕ ја повика Русија да ги повлече сите свои сили од Украина и воедно ја повтори својата поддршка за Украина и нејзиниот народ, како и посветеноста на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на таа држава.

Во соопштението се наведува дека претседавачот со ОБСЕ и полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау, претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ Маргарет Седерфелт, генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Марија Шмид и генералниот секретар на Парламентарното собрание на ОБСЕ Роберто Монтела категорично ја осудуваат нелегалната анексија на руската Федерација над украинските територии Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсонската област, како и продолжување на окупацијата на Крим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот