Руската амбасадорка во Софија повторно ги нападна бугарските власти за шпионскиот скандал: „Мислете на Бугарија, не исполнувајте странски наредби”

Руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова / Фото: СП Архива

Руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, коментирајќи го шпионскиот скандал во кој беше откриена група поранешни и сегашни воени разузнавачи кои работеле за руско воено разузнавање, за Би-Ти-Ви изјави дека Бугарите треба да мислат на Бугарија, и да не извршува нечии наредби.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Митрофанова саркастично коментира дека „бугарските власти требало да покажат лојалност кон земјопоседниците”. Таа додаде дека во дипломатијата има јасен одговор, што значи дека Москва ќе прогласи за „персона нон грата” двајца бугарски дипломати од Москва како одговор на претходно протераните двајца руски дипломати од Бугарија.

Елеонора Митрофанова изрази мислење дека постои голем потенцијал за соработка меѓу Бугарија и Русија, кој воопшто не е активиран, „поради сегашните бугарски сојузници, кои се многу желни да ја изместат Русија од сите сфери на соработка”.

Најважно, според руската амбасадорка во Софија, било „Бугарите да мислат на Бугарија, а не да исполнуваат нечии наредби. Да соработуваат со секого и да имаат корист од секого. Тоа е најважно, затоа што Русија постојано размислува дали Бугарија е со ЕУ, или со САД, или со Русија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот