По одлуката на албанската влада да го протера нивниот дипломатски претставник Алексеј Кривошеев, поради непочитување на антковид мерките, реагираше руската абасада во Тирана, оценувајќи ги за неосновани изнесените обвинувања.
-Сметаме дека се неосновани сите обвинувања против нашиот дипломатски претставник споменати во овие документи. Ние исто така забележуваме дека обелоденувањето на идентитетот на нашиот вработен во соопштението е во голема спротивност со воспоставената меѓународна дипломатска практика, стои во реакцијата на руската амбасада.
Инаку, според официјалното соопштение на албанското министертво за Европа и надворешни работи, рускиот дипломат Кривошеев владата го прогласила за „непожелна личност”, бидејќи не ги почитувал антиковид мерките.Му се наложува да ја напушти земјата во рок од 72 часа од моментот на добивањето на официјалното известување.
Како што наведува Министерство од април 2020 година, но и на почетокот на оваа година, албанската Влада постојано добивала „поплаки и обвинувања за отворено кршење на мерките од страна на дипломатот на амбасада на Руската Федерација во Тирана”,но оти и покрај предупредувањето и ветување дека нема да ги повори грешките дипломатот и понатаму тоа го правел.
Посакуваме, се нагласува понатаму, оваа одлука наметната со непочитување на законите и правилата на албанската држава, да биде целосно разбрана од руската страна, како неопходна мерка за заштита на здравјето и безбедноста на сите граѓани на територијата на Република Албанија, без разлика дали се Албанци или не.
-Ние ја уверуваме руската страна во нашите пријателски чувства и подготвеност, за продолжување на започната добра соработка и за континуирано подобрување на односите меѓу нашите две земји,стои на крајот на соопштенето на албанското министертво за Европа надворешни работи.
Извор.МИА