Руска школа во Перм, згаснуваат ли надежите за пласман на Европското првенство?

Фото: kfsm.mk

Не беше повторена вчерашната добра игра против Италија, денеска најдобрите македонски кошаркари се покажаа во послабо издание и загубија од домаќинот Русија со 94:77.

После изненадувачкиот триумф на Естонците против Италија, уште повеќе ни се отежна патот кон пласман на ново Европско првенство.

Следува слободен ден во „балонот“ во Перм, и тоа како добредојден за нашиот национален тим во обидите, оние два, прво со Италија, потоа и со Естонија да стигнеме до целта која беше поставена уште пред почетокот на овие квалификации – Евробаскетот 2022.

Таму е Русија, селекција за која ова беше третата победа во квалификациите, втора против Македонија. В. Стојановски со 18 и Вајли со 16 поени беа најефикасните стрелци во нашите редови.

Сега мораме да оствариме две победи, против Италија, како и против Естонците во овој вториот дуел со двоцифрена разлика, а истовремен и Естонците да не триумфираат до крајот на квалификацискиот циклус.

Квалификации за ЕП 2022

ГРУПА „Б“

Италија – Естонија 101:105

МАКЕДОНИЈА – Естонија 77:94

ТАБЕЛА

1.Италија 5 4 1 433:400 9 бодови

2.Русија 5 3 2 385:353 8

3.Естонија 4 2 2 323:344 6

4.МАКЕДОНИЈА 4 0 4 300:344 4

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот