Руска нафта повторно се испорачува за Унгарија, Словачка и Чешка

Нафта / Фото: EPA-EFE/Henry Chirinos

Руската државна нафтена компанија „Транснефт“ повторно го покрена протокот нафта преку јужниот крак на нафтоводот „Дружба“.

„Пумпите работат, вклучени се во 16 часот“, изјави помошникот-претседател на компанијата, Игор Дјомин.

Унгарски „МОЛ“ денеска соопшти дека го уплатил надоместот за транзитот на нафтата низ Украина, посочувајќи дека се работи за „брзо решение“, откако дојде до застој во испораките заради „технички проблеми што се јавиле во банкарската трансакција“.

Украина од 4 август го запре транзитот на руска нафта за јужна Европа, од причина што поради западните санкции не ѝ биле префрлени средствата како надомест за транзит. На 22 јули на украинскиот оператор со нафтоводот „Уктранснафта” му бил уплатен транзитот за август, но на 28 парите биле вратени бидејќи трансакцијата не била спроведена.

Русија преку нафтоводот „Дружба“ испорачува околу 250 илјади барели нафта дневно за Унгарија, Словачка и Чешка.

Москва веќе ги намали испораките гас за многу членки на ЕУ, правдајќи го тоа со проблемите настанати во одржувањето на пумпите на гасоводот „Северен ток 1“, како и поради санкциите воведени против некои од коминетентите што Москва ги смета непријателски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот