Руска лекарка објасни зошто не треба да јадеме повеќе од две парчиња лубеница на ден

лубеница
Фото: Pexels

Лубеницата е здрава и дефинитивно треба да ја јадете, но во ограничени количини. Позната и ценета е како освежителна, добра за дигестивниот систем, но и како природен диуретик.

Содржи многу витамини, како и многу вода, што ја прави одлично летно освежување, но треба да имате на ум неколку работи.

лубеница

Ендокринолог од Универзитетската болница во Москва, д-р Зухра Павлова, на прво место предупредува дека овошјето е полно со фруктоза. Вишокот на фруктоза, особено ако се внесува на празен стомак, доведува до масна дегенерација на црниот дроб, а фруктозата генерално придонесува за развој на дебелината. Покрај тоа, фруктозата влијае на одредени хормони во организмот, поради што доаѓа до зголемување на апетитот.

Луѓето со дијабетес секогаш треба да запомнат дека големо парче лубеница има барем 20 гр чист шеќер (парчињата треба да се консумираат тенко исечени така што со водата да не содржат повеќе од 5-8 гр јаглехидрати). И на крајот, шеќерната болест е кардиоваскуларна болест, па сите правила што важат за
луѓето со висок крвен притисок, секако важат и за луѓето со дијабетес.

лубеница

Од друга страна, лубеницата треба да ја вклучите во вашата исхрана, но во умерени количини, бидејќи изобилува со витамини, пред сѐ, со А и Ц.

Едно парче лубеница обезбедува дури 25 отсто од дневните потреби за витамин Ц, кој е важен за здравјето на забите и непцата, за функционирањето на имунитетот и апсорпцијата на железо. Витаминот А, кој исто така се наоѓа во лубеницата, игра важна улога во здравјето на очите, коските, но и во репродукцијата.

Исто така, влијае на производството на лимфоцитите и имунолошкиот систем, а од едно парче лубеница ќе задоволите 30 отсто од дневните потреби за витамин А.

Видео на денот