Руска државјанка обвинета за шпионажа во Албанија побара политички азил

Албанска полиција/ Фото : SOCIAL MEDIA / EAST2WEST NEWS / PROFIMEDIA

СветланаТимофеева (33) од Русија е уапсена во Албанија на 20 август 2022 година заедно со уште двајца државјани, Михаил Зорин, 23 години од Русија и Федир Аплатов од Украина, откако се обиделе да влезат во просториите на фабриката за оружје во Грамш и фрлиле невро-парализирачки спреј врз двајца војници кои го обезбедувале воениот објект.

Тројцата обвинети се фатени како ја фотографираат фабриката Грамш, додека во нивните лични предмети биле пронајдени материјали од некои важни точки кои се претставуваат дел од критичната воена инфраструктура во Албанија.

Воениот погон во Грамш складира армиско оружје и е објект од особено значење што го чува албанската војска.

Таа е притворена во женскиот затвор во Тирана, додека предметот против неа се води во судот во Елбасан, бидејќи местото каде што се случи инцидентот -Грамш припаѓа во оваа област.

На 10 март, бранителот на руската државјанка го упатил барањето за азил до Регионалната дирекција за граници и миграција, Тирана. Барањето доаѓа три месеци откако Москва побара нејзина екстрадиција, бидејќи е обвинета за „незаконско добивање информации, што претставува државна тајна“.

„Ако се вратам во Руската Федерација, ќе бидам прогонета поради моите политички убедувања“, тврди 33-годишната Русинка.

Нејзиниот бранител Исуф Шеху во барањето за азил нагласи дека оваа руска државјанка може да биде прогонувана во нејзината земја.

„Постои причина да се верува дека таа ќе биде подложена на прогон или дискриминација или сурово, нечовечко, понижувачко постапување или дејствија што претставуваат кршење на основните човекови права. Враќањето на оваа државјанка во Русија би било спротивно на забраната за тортура и нехумано и понижувачко постапување“, се вели во барањето доставено до албанските власти.

Одбраната посочува и дека руските власти користат стара кривична постапка (од 2018 година) која ја искористија за повторно да ја отворат, откако се запознаа со нејзините позиции против војната во Украина, искажани на социјалните мрежи. Понатаму, подвлечен е и фактот дека поранешниот сопруг на Светлана е поддржувач на политиката на рускиот претседател Владимир Путин, а политичките убедувања се главната причина за нивната разделба.

Во барањето за политички азил, извештаите на повеќе меѓународни организации, во кои се нагласува дека Русија не ги почитува основните човекови права и слободи, како и фактот дека јавниот обвинител на Руската Федерација, Игор Викторович Краснов, кој го потпишал барањето за екстрадицијата на неа, е на „црната листа“ на САД.

Адвокатот нагласува дека Законот за азил во Република Албанија предвидува гаранција на правото на азил за странските државјани кои одбиваат да се вратат во својата земја и потсетува дека според одлука на Советот на министри на Албанија во 2022 година, Русија не е дел од листата на безбедни трети земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот