Руска делегација на средба со Асад: Главна тема на разговор решавање на кризата во северниот дел на Сирија

Фото: Миа

Руска делегација денеска во Дамаск разговараше со претседателот на Сирија, Башар ал Асад за решавање на кризата во североисточниот дел на земјата, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

– Главна тема на разговорите беше актуелната ситуација на теренот во Сирија поради зголемените тензии во североистичниот дел на земјата, се наведува во соопштението.

На средбата посебно е истакната потребата за преземање мерки за деескалација на тензиите со цел да се осигура безбедност во тоа подрачје.

Турција на 9 октомври, два дена по одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп за повлекување на американските војници од Сирија, ја покрена операцијата Извор на мирот против курдските сили. Анкара истакна дека цел на операцијата е да создаде „тампон зона” за заштита на турската граница, во која би можеле да се вратат сириските бегалци од Турција.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и американскиот потпретседател Мајк Пенс и американскиот државен секретар Мајк Помпео на 17 октомври во Анкара постигнаа договор за петдневен прекин на турската офанзива во североисточна Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот