Руска апелација ја потврди пресудата за екстремизам на Алексеј Навални

Рускиот политичар Алексеј Навални/фото EPA

Апелационен суд во Русија ја потврди пресудата за екстремизам на опозицискиот лидер Алексеј Навални, отфрлајќи ги аргументите на одбраната кои се жалат на казната. Тоа значи дека Навални ќе биде испратен во затворска колонија со уште потешки услови, пренесоа светските агенции.  Денеска ја загуби жалбата против новата 19-годишна затворска казна, со што вкупната казна му се продолжува на повеќе од 30 години.

-Судот ја разгледа жалбата на одбраната на Алексеј Навални и Даниел Холодни и одлучи да ја остави првостепената одлука непроменета, се вели во одлуката на судот, цитирана од руските медиуми. Времето што Навални веќе го помина во притвор ќе се брои како еден ден за еден ден.

Со второстепената пресуда тој наскоро ќе биде префрлен во колонија со посебен режим. Засега е во колонија со строг режим во село Мелехово, Владимирско.

Во август оваа година, судот во Москва го прогласи опозицискиот лидер за виновен за финансирање екстремизам, создавање екстремистичка заедница и повикување на екстремизам преку Интернет.

Имајќи ги предвид досегашните пресуди и со делумен збир на казните, осуден е на 19 години затвор во колонија со посебен режим. Тој, исто така, беше казнет со 500 илјади рубли и забрана за користење на Интернет 10 години по неговото ослободување.

Второбвинетиот, Даниел Холодни, беше прогласен за виновен за финансирање екстремистичка активност користејќи ја својата службена положба и учество во екстремистичка заедница. Тој е осуден на 8 години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот