Руска амбасада во Кабул: Гани избега со 4 автомобили и хеликоптер полн со пари

Поранешниот претседател на Авганистан, Ашраф Гани/ Фото: EPA-EFE/HEDAYATULLAH AMID

Руската амбасада во Кабул денеска објави дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани побегнал од земјата со четири автомобили и хеликоптер полн со пари, пренесува агенцијата РИА.

Гани, чија локација моментално не е позната, во неделата го напушти Авганистан откако Талибанците влегоа во Кабул без скоро никаков отпор. Тој изјави дека ја напуштил земјата стравувајќи по својот живот.

Од Русија велат дека ќе ја задржат дипломатското присуство во Кабул и се надеваат дека ќе се остварат некакви односи со Талибанците иако сметаат дека не треба да се брза со нивното признавање како владетели на земјата.

„Кога станува збор за пад на режим, најдобро тоа се илустрира со начинот на кој Гани побегна од Авганистан“ изјави Никита Ишченко, потпарол на руската амбасада во Кабул.

„Четири автомобили полни со пари, тие пробаа да пренесат уште еден дел од парите во хеликоптерот, но не им успеа. Дел од парите останаа на пистата“ изјави Ишченко, повикувајќи се на очевидци.

Ашраф Гани го напушти Авганистан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот