Русите во самоизолација удрија на алкохол

Алкохолот го слабее имунолошкиот систем кај пациенти со кардиоваскуларни заболувања и предизвикува влошување на веќе постоечките хронични заболувања.

Потрошувачката на алкохол за време на периодот на самоизолација во Русија е зголемена за два до три отсто, објави ТАСС.

Руското Министерство за здравство предупреди дека алкохолот го намалува имунитетот и не треба да се користи за лекување или спречување на инфекција со коронавирус.

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко забележа зголемување на потрошувачката на алкохол во Русија за два до три отсто за време на режимот на самоизолација, воведен во борбата против пандемијата на коронавирусот.

– Севкупно, потрошувачката на алкохолни пијалоци се зголеми за околу два до три проценти и тоа е прилично стабилна тенденција. Но, јас би сакал да кажам дека алкохолот во оваа ситуација не помага во третманот на вирусни инфекции, особено кај зарази со коронавирус. Алкохолот го слабее имунолошкиот систем кај пациенти со кардиоваскуларни заболувања и предизвикува влошување на веќе постоечките хронични заболувања. Затоа, алкохолот дефинитивно не е прифатлив во ваква ситуација, нагласи Мурашко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот