Русите тврдат дека елиминирале повеќе од 100 странски платеници во близина на Харков- Украинците, дека досега убиле 43.750 руски војници

Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Руската авијација елиминирала повеќе од 100 странски платеници во областа Харков, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Оружје со висока прецизност на руските воздухопловни сили погоди контролен пункт на странски платеници во областа на населбата Золочев во областа Харков. Убиени се повеќе од 100 екстремисти од Полска и Германија, а повеќе од 50 се ранети. го пренесе извештајот на руската воена команда агенцијата РИА Новости.

 

Украинагранатирање фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Во извештајот се додава дека руските воздухопловни сили нападнале борбени позиции на 53-та механизирана и 68-та пешадиско-стрелачка бригада на вооружените сили на Украина во близина на градовите Угледар, Добропоље и селото Водјаноје во самопрогласената Народна Република Доњецк.

Во меѓувреме пак Украинските вооружени сили објавија дека од почетокот на војната убиле 43.750 руски војници.

Во конфликтот, како што наведуваат, уништиле 1.876 руски тенкови, 4.141 борбено возило, како и 985 артилериски системи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот