РУСИTE случајно откриле фотографии од тајна подморница (ВИДЕО)

Додека фотографирале руска подморница од класата Тајфун, која се прослави во филмот „Лов на црвениот октомври“ многу интересни работи се виделе во втор план од сликата.

Иако во далечина конечно се видела големата руска подморница „Белогород“, која ја лансирале во април оваа година како најголема подморница на свет со големина од 184 метри и тешка 14.700 тони.

К-329 Белгород е денешниот Тајфун, таинствен проект околу кој многу се шпекулирало. Официјалните податоци од подморницата се појавиле пред пет месеци, кога ги снимил Олег Кулешов.

Го прикажуваа само задниот дел на подморницата – традиционално најосетливиот дел од ваквиот вид на пловило. Но повеќето тајни наоди на Белгород се во предниот дел на подморницата во која се наоѓа интерконтиненталното нуклеарно вооружено автономно торпедо Посејдон.

Атомската подморница К-329 Белгород е поголема од американските, а ќе пренесува и интерконтинентални подводни дронови Посејдон, подводни торпеда со нуклеарно вооружување водени со вештачка интелигенција.

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека ваквите торпеда може да уништат мети на крајбрежните подрачја со одалеченост поголема од 9.500 километри.

Подморницата Белгород е изградена во тајно бродоградилиште во градот Северодвинск во северозападна Русија. Може да се нурне до длабочина од 518 метри.

Русија многу добро ги крие своите воени дела од очите на јавноста така и за оваа подморница не се знаат сите детали. Изградена е за подморска шпионажа, но медиумите од претходно предупредуваат на разурнувачката моќ на оваа подморница, со главниот носач на проектилот Посејдон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот