Русите се пофалија со своите тенкистки (ФОТО)

Русија го одбележа денот на тенковите со показна вежба на оклопни возила, при што рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека има простор за напредок кога се гледа целокупното достигнување.

Низ лошиот терен овојпат со моќните воени машини управуваа жени со кои Русија посебно се гордее.

Иако жените отсекогаш учествувале во воените потфати и одбраната на земјата, како на пример во Втората светска војна, оваа година беше основан посебен женски екипаж кој за прв пат беше претставен на воениот турнир „Тенковски биатлон“ во кој се демонстрира точноста и брзината во управувањето со тенковите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот