Русите против независната надворешна политика на Вучиќ и пристапувањето кон ЕУ?

Александар Вучиќ - Владимир Путин / Колаж: СП.

Јевгениј Примаков ќе биде именуван на местото на директор на „Руската соработка“, изјави за РИА новости Елеонора Митрофанова, раководителот на „Руска соработка“, пренесува Блиц.рс.

Оваа информација добива на значење ако се знае дека Примаков, контроверзниот новинар и член на руска Дума, кон крајот на март минатата година, во екот на антивладините демонстрации во Белград, му нудеше на српскиот претседател Александар Вучиќ да формира техничка Влада со лидерите од Сојузот за Србија, Драган Ѓилас и Бошко Обрадовиќ, за што српските медиуми пишуваа од претходно.

Александар Вучиќ и Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY/POOL

Именувањето на таа позиција во организацијата која ги инансите сите руски Домови и невладини организации под контрола на Русија, би значело дека Јевгениј Примаков ги контролира изворите на пари кои оваа земја ги испраќа во Србија и кои досега се директно користени за финансирање на демонстрации во земјите шурум светот во кои се загрозени руските интереси.

Митрофанова ја потврди оваа вест за РИА Новости, а Примаков потоа ја демантираше на својот Фесјбук профил, наведувајќи дека на таа функција се доаѓа со укас од рускиот претседател, но дека до денеска тој указ не е потпишан.

Јасен сигнал

Дали ќе дојде до именување, ќе се знае наскоро. Но, каква и одлука да се донесе, тоа ќе биде јасен сигнал од Путин за Вучиќ, за тоа дали ја одобрува или не неговата независна политика.

– Независна Србија не му одговара на никому – вели за „Блиц“ извор од Владата кој, кој е запознат со пишувањата во руските медиуми.

Александар Вучиќ / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Овој соговорник за „Блиц“ додал и дека тоа „што Вучиќ е премногу независен не им одговара во потполност на Русија“.

– Кога поставувате човек како Примаков на такво место, а знаете дека ќе ги нарушите односите со своите сојузници, тогаш намерата ви е јасна – вели овој извор.

„Блиц“ пред неколку месеци ја објави и информацијата дека Примаков престојува во Белград и дека тогаш имал конкретна понуда за Вучиќ.

– Примаков допатува во Србија на 26 март за да направи интервју. Меѓутоа, откако завршија со тој дел, разговорот тргна во сосема непланиран и ненајавен правец. Примаков му понуди на вашиот претседател да направи технчка влада со Џилас и Обрадовиќ – раскажа тогаш изворот за „Блиц“ од дипломатски кругови во Москва.

Вучиќ: Не бевме сами, постои официјална потврда за тоа

Претседателот Вучиќ на прашањето дали е точно пишувањето на српските медиуми и дали Пирмаков му нудел преодна влада со лидерите на СЗС, рече дека „секој кој би му понудил такво нешто би бил грубо одбиен“.

Српскиот претседател сепак потврди дека Примаков го посетил.

– Точно е, постои и службена потврда за тоа, не бевме сами, но секој кој би ми понудил Влада на една година или не знам колку со оние кои ја ограбија Србија, како Ѓилас, Млаѓе Ѓорѓевиќ, Обрадовиќ или Јеремиќ, ќе биде одбиен – вели Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот