Русите повторно на удар на ВАДА, сомнителни 298 спортисти

Светската антидопинг агенција (ВАДА) вчера објави дека ја завршила истрагата во која нов бран на руски спортиски може да се соочи со обвинувања за допинг.

Откако минатата година ги добија податоците од антодопинг лабораторијата во Москва, истражителите на ВАДА се фокусираа на истрагата која опфати 298 спортисти за кои се пронајдени докази и против кои е покрената постапка.

ВАДА притоа откри дека спортистите настапуваат во дури 27 спортови.
– Руската допинг криза доминираше во поглед на нашето вложено време и средства во последните пет години. Сакам да им се заблагодарам на сите истражители на професдионалната работа. Исто така мора да им се заблагодарам и на организациите кои работат и ќе работат да го зачуваат спортот чист и пред лицето на правдата ќе донесат што е можно повеќе допингувани спортисти – изјави Витолд Банка, претседателот на ВАДА.

Сепак, јавноста смета дека процесуирањето на овие случаи ќе оди многу тешко. ВАДА тврди дека од добиените податоци од лаборатортијата во Москва има докази дека имало манипулации со тестовите и резултатите, и дека притоа се подметнувани лажни траги.

Според одредени информации ВАДА за 145 од 298 руски спортисти кои се под истрага пронашла докази за манипулација со допинг тестовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот