Русите ни го честитаа денот на Свети Климент, Бугарите им се налутија

Фото: Руска амбасада во Скопје/Твитер

„За жал, имаме уште една руска провокација, која има за цел да забие клин меѓу Бугарија и РС Македонија и да ја искриви вистината до крајно невозможен степен“, изјави за БГнес професор Пламен Павлов, еден од најголемите познавачи на бугарската и балканската средновековна историја, реагирајќи на честитката на амбасадата на Руската Федерација во Скопје по повод големиот македонски празник на кој се чествува Свети Климент Охридски.

Како што забележуба БГнес, Руската амбасада во Софија досега не им го честитала празникот на Бугарија и на бугарскиот народ, додека руското дипломатско претставништво во државава го „честиташе големиот државен празник на братскиот македонски народ“, истакнувајќи дека Свети Климент Охридски е еден од основоположниците на кирилското писмо кое ги поврзува современите руски и македонски јазици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот