Русите направиле инструмент кој го открива коронавирусот во воздухот

Лекари / Србија / EPA-EFE

На форумот „Армија-2020“ Красногорскиот завод „С. А. Зверев“ го претставил првиот инструмент во Русија за откривање на вирусот во воздухот, вклучувајќи го и коронавирусот, соопшти во интервју за РИА Новости генералниот директор на претпријатието Александар Новиков.

Според неговите зборови, „Детектор-БИО“ може да ги детектира и бактериите и токсините.

– Со помош на ваков инструмент за автоматска анализа на примероците во воздухот се потребни десет до 30 минути, во зависност од концентрацијата на патогени и други фактори, рекол Новиков.

Болничките испитувања на инструментот се завршени во јуни, нивната сертификација е во припрема и затоа е рано да се зборува за продажба.

– Меѓутоа, ние сме максимално спремни и во случај на потреба можеме да произведеме толку инструменти колку што е потребно на нарачателот. Важно е дека овој уред може да реагира на различните патогени во воздухот и затоа може да се користи и за цивилна и за биолошка безбедност, истакнал генералниот директор на заводот.

Инструментот може во целосно автоматски режим истовремено да детектира максимално 86 предизвикувачи на инфективни заболувања од вирусна и бактериска природа, како и токсините од околината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот