Русите ја тестираат белгиската сила, мало скандинавско дерби во Копенхаген

epa09256954 Christian Eriksen in action during the national soccer team's mixed zone and training in Elsinore, Denmark, 09 June 2021. Denmark will face Finland on 12 June 2021 in Group B of EURO2020. EPA-EFE/Liselotte Sabroe DENMARK OUT

Денеска е вториот ден од Европското првенство, програмата во однос на првиот ден е побогата, односно со три закажани натревари.

Од 15.00 часот на стадионот во Баку (Азербејџан) ќе се игра вториот меч од првото коло во групата „А“ помеѓу репрезентациите на Велс и Швајцарија.

Потсетување дека во синоќешниот прв дуел пред 15.500 гледачи во Рим селекцијата на Италија убедливо со 3:0 славеше над Турција.

Стартуваат и натпреварите од групата „Б“, Данска во Копенхаген ќе се обиде да ја оправда фаворитската улога против дебитантот Финска (18.00 часот), а Белгија како еден од фаворитите за титулата на Евро 2020 во Санкт Петербург со почеток од 21.00 часот ќе игра против Русија.

Евро 2020
Данска – Финска (18.00 часот)
Данците не е во кругот на главни фаворити на ЕП, но ќе се обидат да го докажат спротивното, имаат состав кој може да стигне далеку. Тука е голманот Каспер Шмајхел кој со Лестер сити го освои ФА купот, тука се и звучни имиња како Брајтвајт, Поулсен, Хојбјерг, Кјаер, а најзвучно е името на Кристиан Ериксен кој со Интер ја освои Серија А. Финците се во незгодна серија од дури шест натпревари без победа, а не импресионираа неодамна ниту на пријателските со Шведска и Естонија. Најзаслужното име за пласманот на ЕП е Теему Пуки со неговите голови, останува да се види дали 31-годишниот напаѓач на Норич ќе блесне и во ова мало скандинавско дерби.

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Евро 2020
Белгија – Русија (21.00 часот)

Белгија и Русија играа заедно во квалификациската група, а Белгијците двапати триумфираа, во Санкт Петербург со 4:1, а претходно во Брисел (3:1). Двата дуели ги отворија со рано водство, веќе во воведните 20 минути. Можеби најслаб дел на белгиската репрезентација е одбраната, нејзиниот селектор Роберто Мартинез ги нема сите свои ѕвезди во врвна форма како што го имаше Вилмотс на претходното СП, потоа Еден Азар кој веќе долг период игра слабо, а Кевин де Брујн доби повреда во финалето на ЛШ и ќе мора да биде поштеден во групната фаза. Но, тука има и други главни фактори, како што се силниот напаѓач Ромелу Лукаку, одличниот голман Тибо Куртоа, а својот квалитет треба да го потврдат Мертенс и Караско. На спротивната страна Артем Ѕјуба може да биде сериозна закана, Русите се надеваат дека со помош на публиката ќе стигнат до добар резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот