Русите им се заканувале на членови на ИОК?!

фото: EPA-EFE/DENIS BALIBOUSE

Односите меѓу Меѓународниот олимписки комитет (ОИК) и руските власти значително се влошија во последниве години, а сега дојдоа до тоа членовите на ИОК да добиваат добиваат директни, отворени закани од Москва.

Оваа информација ја објави претседателот на ИОК, Томас Бах, на Собранието на олимпискиот комитет што се одржа во Лозана, Швајцарија.

– Дајте му шанса на мирот, тоа беше мојот повик до политичарите низ целиот свет во говорот на отворањето и на затворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг. Но, испадна дека Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 беа привреме момент за надеж дека мирот и олимпизмот ќе „победат“, За жал, ние може само да се жалиме бидејќи односите со руските политички лидери драматично се влоши во последните неколку години. Тие се влошија по бројните допинг скандали, кибернетските напади, па имаше дури и лични закани за членови на ИОК и на Олимпиското движење  изјави Бах кој притоа не прецизираше кој од членовите на ИОК добивал закани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот