Русите и Јапонците прават нови тестови за коронавирус

Фото: EPA-EFE/MATTEO CORNER

Рускиот Фонд за директни инвестиции и неговите партнери досега произвеле 500.000 комплети на тестови за коронавирусот, но планираат да го зголемат производството на 2,5 милиони сетови неделно, рече директорот на Фондот, Кирил Димитриев.

Како што пишува „Ројтерс“, Фондот минатата недела најавил инвестиција во руската компанија Мед-Пром Ресурс која е основана токму поради фокусирање на новиот руско-јапонски систем за тестирање на коронавирусот.

Партнерите на руската компанија се јапонските К.Р: Мираи Геномик и уште две фирми од Русија.

Димитриев рекол дека побарувачката за тестови сега главно е од големите руски компании кои сакаат да ги заштитат градовите во кои се наоѓаат нивните големи фабрики.

Тој нагласил дека тест комплетите за брза и масовна јавна употреба би биле подготвени во рок од еден месец.

– Тестирањето треба да се врши паметно и селективно како што е тоа направено во Хонгконг и Јужна Кореја, кои се примери за успешен пристап во борбата против коронавирусот – рече тој, а пишува „Ројтерс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот