Русите го одобрија производството на Спутник V во Србија

Руската вакцина Спутник V/ Фото: EPA-EFE/ANDREI POKUMEIKO / POOL MANDATORY CREDIT

Делегацијата на руски стручњаци одобрила во Институтот „Торлак“ да почне првата фаза од производството на руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“, соопшти директорката на Институтот, Вера Стоиљковиќ.

Според неа, производството на руската вакцина „Спутник V“ на Институтот „Торлак“ во Србија значи дека вакцината во секој момент ќе им биде на располагање на граѓаните.

Како што објасни таа за српските медиуми, континуитетот на имунизацијата никогаш не би бил доведен во прашање и граѓаните превентивно ќе бидат заштитени од заразата со вирусот и додаде дека производството на вакцината во Србија би значела здрава популација.

„Што се однесува на лекарите, ним исто така, со превентивата односно со вакцинацијата на населението, ќе им се олесни работата, би се дошло до тоа да требаат помалку напори, многу полесни клинички слики, што за државата би значело поздрава и поуспешна популација“, објаснува Стоиљковиќ.

Според неа во првата фаза предвидено е производство на финалниот глот или финалниот производ, што практично значи полнење и пакување на вакцината токму во „Торлак“.

„Со која брзина ќе одиме зависи од времето потребно производните погони да се усогласат со производството на новата вакцина“, објаснува Стоиљковиќ.

Засега не е познато кога Србија би влегла во втората фаза од производството, односно целосно производство на вакцината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот