Русите ги ТУЖАТ Шварценегер и Џеки Чен – Бараат повеќе од 3 милиони евра за неуспешен филм

Фото: Профимедиа

Cтечајниот управник на „Руски филмски групи“ која го сними филмот „Виј 3Д“ ја тужеше филмската куќа „Чајна филм груп“, како и Арнолд Шварценегер и Џеки Чен, пишува „Ведомости“.

Руската компанија бара повеќе од 3 милиони евра после неуспешниот почеток на прикажувањето на продолжението на „Виј 3Д“ во Кина, кое го носи името „Виј 2: Пат до Кина“, во кој глумеле тие. РФГ го финансирала филмот, но засега не може да добие приход од него.

Продуцентот Алексеј Петрухин мисли дека барањата на РФГ немаат перспектива. Според неговите зборови, издвоените средства не припаѓаат на самата компанија или приватни инвеститори, туку се добиени од филмскиот фонд.

Минатиот викенд, филмот заработи повеќе од 2 милиони долари. Во Русија гледачите ќе можат да го видат филмот дури во септември.

Ова е прв пат да се тужат светски ѕвезди во Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот