РУСИТЕ ГИ ПОМИНАА АМЕРИКАНЦИТЕ: Непобедливите хиперсонични ракети „Авангард“ се оперативни

Фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го извести претседателот Владимир Путин дека новото хиперсонично оружје со интерконтиненталниот дострел „Авангард” од денеска е оперативно по повеќегодишното тестирање.

Шојгу наведе дека првата ракетна единица опремена со „Авангард“ влегла во борба на повик, извести руското Министерство за одбрана.

Руското хиперсонично оружје рускиот претседател Путин го најави во обраќањето до нацијата во март 2018 година.

„Авангард”, според руската армија, може да лета 27 пати побрзо од брзината од звукот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот