Русинките ќе може да работат и „машки“ професии

фото: РИА Новости

Русинките во иднина ќе можат да работат како возачи на камион, машиновозачи, морнари, соопшти руското Министерство за труд откако го ревидира списокот на професии кои се забранети за жените во Русија.

Претходната листа содржела околу 400 забранети занимања за жените, што подрзбира тешка работа или се поврзани со опасни услови, но сега се останати само стотина. Сепак, ако работодавачот обезбеди сигурни услоби за работа, можно е да се вработат жени.

– Ги укинавме рестрикциите за жени на следните работни места: возач на тешко возило и на земјоделски машини како што се камиони, трактори… освен возачи на градежни машини, како што се булдожери и слично, наведува Министерството.

Жените ќе можат да бидат капетани на брод, но и морнари, како и машиновозачи во обични и брзи возови.

Меѓу професиите кои останауваат забранети за жените се оние што се поврзани со хемиско производство, рударство, дупчење, обработка на метал, заварување, производство на нафта и гас, индустрија на обиени и необоени метали, електронско и радиотехничко производство, производство и одржување на авиони, односно бродови, и други тешки работи.

Новата листа со професии за Русинките стапува во сила на 1 јануари 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот