Русинка родила бебе какво што се РАЃА ЕДНАШ во 625 милиони случаи – ДОКТОРИТЕ ВО НЕВЕРУВАЊЕ!

Илустрација

Бебето е зачнато по природен пат, но не се развивало во матката, туку надвор од неа. Бебето го нарекле Вероника. Име кое значи „она што ја носи победата“, што целосно го заслужило.

Мајката (31) која сакаше да остане анонимна, жена која како бегалка од Украина, завршила во Сибир, целата своја бременост не била на преглед.

Сепак, нејзиното бебе, едно во 625 милиони бебиња успеало да ја преживее абдоминалната бременост, во својот водењак, надвор од матката. Досега, покрај малата Вероника, забележани се само 12 такви случаи во светот.

Мајката и таткото на малата Вероника одлучиле таа да не се породи во болница. Бидејќи бременоста била во ред, тие породот го чекале во домот.

На почетокот се се одвивало како што треба. Чувствувала се посилни и посилни контракции, се подготвувала за породувањето, но тогаш контракциите наеднаш исчезнале. Тогаш одлучиле да побрзаат во болница каде ја оперирал тим од десет доктори. Операцијата била сложена и многу ризична. Сепак, тие две победиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот