Русин снимал напуштена база: АЈДЕ да видиме како Американците живееле (ВИДЕО)

Фото: Твитер

Човек кој зборува руски јазик вчера објави снимка од напуштената американска база во северна Сирија, истиот ден кога Русија објави дека нејзините сили влегле во регионот, пишува Ен-Би-Си њуз.

На снимката се слуша како човекот вели: „Ајде да видиме како Американците живееле“.

Видеото е поставено на социјалните мрежи од напуштената база кај Манбиџ, околу 25 километри од турската граница.

Полковникот на американската војска Мајлс Кагинс, главниот портпарол на американската кампања во Сирија, потврди дека Манбиџ е евакуиран за „намерно повлекување од североисточна Сирија“, откако претседателот Доналд Трамп нареди завршување на американското присуство во тоа подрачје.

Трамп минатата недела изјави дека САД ќе се повлече од курдските територии во северна Сирија и дека нема да се меша во турската инвазија, кои ја сметаат курдската милиција за непријателска и ја поврзуваат со антивладините бунтовници во Турција.

Американското повлекување, кое го расчисти патот за турска инвазија, го осудуваат во САД за напуштањето на курдските Сириски демократски сили, главниот сојузник во регионот за борба против Исламска држава.

Курдските сили се бореа за секуларна влада во Сирија, но по турската инвазија немаа избор освен да побараат помош од сирискиот претседател Башар ал Асад, кого го подржува Русија.

Руското министерство за одбрана вчера соопшти дека руските сили влегле во чувствителни подрачја во Сирија и дека патролираат долж турската граница за да спречат конфликти помеѓу турските и сириските сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот