Русин си ја обои зградата протестирајќи против војната: Мир за Украина, слобода за Русија!

Руско-Висоцкоје/ Фото Принтскрин Би-Би-Си

Ако возите осум часа северно од Москва, ќе дојдете до едно малото гратче наречено Руско-Висоцкоје.

Овде нема многу што да се види, освен фармата за кокошки и црквата која била претворена во урнатини во Втората светска војна.

Но, има една работа во овој град што е особено привлечна: локалниот трговски центар.

Дмитриј Скурихин ја поседува зградата – и треба да видите што направил пред неа.

Со огромни букви тој напишал „Мир за Украина, слобода за Русија!“. Со светло-црвена боја тој ги наведе имињата на украинските градови кои биле нападнати од руската армија.

Руско-Висоцкоје/ Фото Принтскрин Би-Би-Си

Мариупол, Буча, Керсон, Чернихив и многу други се меѓу градовите кои тој ги напишал.

„Мислев дека ова ќе биде добар начин да се извлечат информации“, ми вели Дмитриј.

„Бидејќи првите неколку недели од војната нашите луѓе не знаеја што се случува. Мислеа дека се спроведува некаква специјална операција за отстранување на зависниците од дрога од украинската влада. Тие не знаеја дека Русија го гранатира украинскиот градови“.

Руско-Висоцкоје/ Фото Принтскрин Би-Би-Си

Дмитриј дури го претвори покривот на својата продавница во џиновско жолто-сино украинско знаме.

Дмитриј знае дека тоа што го прави е доста ризично. Во Русија јавниот протест често завршува со гонење или со закани. Некој веќе исцртал графит „предавник“ на неговата врата. Полицијата веќе го посетила неколку пати. Тој подоцна беше казнет поради дискредитација на руските вооружени сили.

„Не можев едноставно да седам и да не правам ништо. Тоа би ме распарчело внатре. Но, ова што го правам е чин на очај. Сега Русите се отфрлени. Ние заслужуваме да бидеме. Оваа офанзива ќе фрли сенка над нас долго време“.

Кремљ сака да го прикажува претседателот Владимир Путин како лидер кој е поддржан од неговиот народ. Властите инсистираат Русите да го поддржат во Украина. Дмитриј тврди дека тоа е илузија.

„Ако ги прашате луѓето овде, дали се за војна меѓу Русија и Украина, со гранатирање градови, плус сите последици како сиромаштија и глад, тие би ви рекле: „Дали сте луди?!“ вели Дмитриј.

„Русите се изложени на дезинформации. Тие ја поддржуваат специјалната воена операција за која се зборува на телевизија. Но, луѓето почнуваат да сфаќаат дека она што навистина се случува е катастрофа“.

Но, Дмитриј Скурихин знае дека бојата нема да донесе мир.

Но, ако неговиот протест ги натера луѓето во градот да застанат, да размислуваат, дури и да се сомневаат, тогаш – верува тој – ова ќе вреди.

Извор: Би-Би-Си

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот