РУСИН ИЗМАМИЛ МИГРАНТИ: Поставил гранични ознаки, ги лажел дека се во Финска

Руска полициска униформа / Фото: Архива на Слободен печат

Во Русија е уапсен маж кој поставил лажни гранични ознаки за да измами четворица мигранти да мислат дека влегле на територија на Финска.

Откако стигнал до ознаките, шверцерот оставил група мигранти со азиско потекло сами да го продолжат патувањето, мислејќи дека се во земја на ЕУ, иако биле всушност во шумата Виборг.

По некое време, групата налетала на вистински граничари кои им рекле дека се уште се во Русија. Шверцерот земал повеќе од 10.000 евра по човек.

Судот во Сан Петербург ги казни мигрантите и им нареди да бидат протерани, додека шверцерот допрва ќе се соочи со остра казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот