Русија започна со вакцинација на војската, повеќе од 400.000 војници ќе бидат вакцинирани

EPA EFE
Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Во Централниот воен округ на Русија започна вакцинацијата против коронавирус со вакцината „Спутник V“.

Како што наведуваат медиумите, стигнале првите дози од руската вакцина против коронавирусот.

Прво ќе биде вакциниран военомедицинскиот персонал кој учествува во дијагностицирање и лекување на пациенти со ковид-19, па војниците на борбено дежурство, како и командниот состав и единиците во воените бази.

Претходно рускиот министер Сергеј Шојгу најави почеток на вакцинација за војската. Планирано е да бидат вакцинирани повеќе од 400.000 руски војници со вакцината против ковид-19 „Спутник V“.

Почна масовната вакцинација во Русија: Војската меѓу првите ја прими вакцината „Спутник V“

Вакцината „Спутник V“, која ја произведува Научно-истражувачкиот институт „Гамалеја“, во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од Министерството за здравство на Русија. Тоа е првата регистрирана вакцина против коронавирус во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот