Русија забрани увоз на гориво на четири месеци

Руската Влада донесе одлука привремено да го прекине увозот на гориво со цел да се обезбеди енергетска безбедност и да се стабилизира состојбата на домашниот пазар, јавува агенцијата ТАСС.

Оваа мерка ќе биде во сила до 1 октомври 2020 година, според указот потпишан од премиерот Михаил Мишустин.

„Привремена забрана за увоз во Русија на видовите горива наведени во списокот од денот на влегување во сила на оваа регулатива до 1 октомври 2020 година“, се вели во документот.
На списокот се наоѓаат бензин за мотори, дизел, гориво за авиони и бродови и мазут, пренесува ТАСС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот