Русија забрани комбинирање на вакцината АстраЗенека со Спутник, неколку земји сепак ќе го пробаат тоа

Етичкиот комитет на руското министерство за здравство не одобри клинички тестирања на комбинацијата на вакцините АстраЗенека и Спутник Ве во Русија.

Генералната директорка на АстраЗенека за Русија и Евроазија Ирина Панарина рече за Ројтерс дека таа одлука не значи дека испитувањата никогаш нема да бидат одобрени ниту дека се дефинитивно забранети.

Тестирањето на вакцината против ковид-19 кое би комбинирало една доза од АстраЗенека со руската Спутник Ве врз луѓе е одобрено во Азербејџан, Обединетите Арапски Емирати и Белорусија, рече Панарина.

Планот за тестирање е на учесниците прво да им се даде вакцината АстраЗенека, а потоа 29 дена подоцна – првата доза од Спутник Ве.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот