Русија за прв пат бележи поголеми приходи од златото отколку од гасот

Прв пат во историјата на модерна Русија приходите од извозот на злато се поголеми отколку од извозот на гас, вели Максим Кудалов, челник на групацијата АКРА.

Руските компании во април и мај продале 65,4 тони злато во вредност од 3,55 милијарди американски долари. Во истиот период испораките на гас ѝ донеле на државната компанија „Газпром“ приходи од 2,4 милијарди долари.

Според, податоците на руската Централна бнака, тоа е најмал приоход за овој период уште од 2002 година.

Челникот на групацијата АКРА за процена на одржливоста на ризиокот, Максим Кудалов, вели дека ситуацијата во којашто приходите од извозот на злато се поголеми отколку од извозот на гас во историјата на модерна Русија, се случува првпат, бидејќи извозот на гас традиционално носело поголеми приходи од продажбата на златото.

Ваквите показатели се толкуваат и со фактот што во услови на коронакризата цената на златото, како сигурно засолниште за капиталот во несигурни времиња и кризи, ја надмина цената од 1.800 долари за унца, обновивајќи ги максималните вредности уште од 2011 година.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот