Русија врати во Украина 757 загинати војници

Телата на 757 загинати војници се вратени во Украина од Русија и подрачјата погодени од војната, соопшти денеска украинскиот Координативен штаб за третман на воени заробеници.

„Меѓу нив има 451 војник од регионот Доњецк, 71 од Бахмут, ⁠51 од Угледар, 13 од Луганск, 137 од Запорожје, додека 34 се вратени од мртовечници на територијата на Руската Федерација “, се наведува во соопштението на Координативниот штаб на каналот Телеграм.

Во него се додава дека враќањето на паднатите бранители е резултат на заедничката работа на Координативниот штаб за третман на воени затвореници, Централната управа за цивилно-воена соработка на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Заедничкиот центар на Службата за безбедност на Украина, Министерството за внатрешни работи, Канцеларијата на Комесарот на Врховниот совет на Украина за човекови права, Секретаријатот на Комесарот за човекови права на лица исчезнати под посебни околности, Државната служба за Вонредни ситуации и други структури на Секторот за безбедност и одбрана на Украина, пренесува Укринформ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот