Русија воведе забрани за влез на високи членови на администрацијата на Бајден

Џо Бајден и Владимир Путин
Џо Бајден и Владимир Путин / Фото: Колаж на Слободен печат

Русија денеска воведе забрани за влез на високи американски функционери, меѓу кои и јавниот обвинител Мерик Гарланд и секретарот за домашна безбедност Алехандро Мајоркас, соопшти денеска руското Министерството за надворешни работи.

Покрај овие двајца членови на кабинетот на претседателот Џо Бајден, на списокот има уште шест лица на кои им е забранет влез во земјата, јави ДПА.

Меѓу нив се директорот на ФБИ Кристофер Вреј, директор на националното разузнавање Аврил Хајнс и Сузан Рајс, која е шеф на Советот за внатрешна политика и директорот на Бирото за затвори Мајкл Карвахал.

Во Русија забрането им е да влезат и на поранешниот директор на ЦИА Р Џејмс Вулси јуниор и Џон Болтон, кои беше советник за национална безбедност на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се вели дека сите лица биле „вклучени во развојот и спроведувањето на курсот за антируска политика” на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот