Русија воведе ограничувања за летови над делови од Крим и Црно Море

Руски бомбардери Ту-95 на парадата по повод Денот на победата во 2020 година / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Областа е прогласена за привремено опасна за летови на авиони, се вели во соопштението.

Русија од 20 до 24 април воведе привремени ограничувања на летови над делови од Крим и Црно Море, јавија руските медиуми повикувајќи се на НОТАМ (меѓународни известувања за пилоти).

– Областа е прогласена за привремено опасна за летови на авиони, се вели во соопштението.

Ограничени се летови над јужниот дел на Крим (од Севастопол до Феодосија), како и над дел од меѓународните води на Црното Море. Претходно, Русија соопшти дека ограничува и пловидба на бродови.

Според податоците од билтенот на Одделот за пловидба и океанографија на руското Министерство за одбрана, ограничувањата се однесуваат за акваторијата по јужното крајбрежје на Крим (од Севастопол до Гурзуф), зоната крај бреговите на Керченскиот Полуостров (во близина на природниот резерват Опуски) и морската зона западно од Крим.

Украинското Министерство за надворешни работи протестира против најавата на Русија за затворање на дел од Црното Море во правец на Керченскиот Теснец и побара таа одлука да биде поништена. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека Русија презема акција како одговор на заканите на НАТО. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот