Русија: Во Украина употребивме хиперсонично оружје

Хиперсонично оружје, Фото: Profimedia

Русија соопшти дека користела хиперсонично оружје за да уништи подземно воено складиште во западна Украина.

Хиперсоничните проектили се брзо оружје што можат да избегнат откривање од системите за противракетна одбрана.

Руското Министерство за одбрана во саботата објави дека уништило голем подземен склад за ракети и авионска муниција во украинската област Ивано-Франковск, пренесе агенцијата Интерфакс.

Министерството соопшти дека уништило и радио и извидувачки центри на украинската војска во близина на пристанишниот град Одеса користејќи го крајбрежниот ракетен систем, наведува Интерфакс, цитира Ројтерс. Овие тврдења не се независно потврдени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот