Русија во нова офанзива, беспилотни летала ги нападне електраните на Одеса

Русите тргнаа во нов напад, овојпат страда инфраструктура на јужниот украински пристанишен град Одеса, кој остана без струја откако Русија употреби беспилотни летала за да ги нападне електраните, пренесуваат локалните власти, а голем дел од околниот регион е погоден од затемнувањето.
„Поради обемот на штетата, сите потрошувачи во Одеса освен клучната инфраструктура се исклучени од мрежата“, напиша на Фејсбук градоначалникот на Одеса Генадиј Труханов.
Регионалниот гувернер на Одеса, Максим Марченко, изјави дека Русија користи беспилотни летала камикази, кои удираат во нивната цел наместо да истрелаат муниција, а дека две биле соборени над Црното Море.
„Нема струја во речиси сите области и заедници од нашиот регион“, напиша Марченко на Телеграм.