Русија во јули ќе почне да распоредува нуклеарно оружје во Белорусија

Путин и Лукашенко/ Фото Alexei Danichev / Sputnik / Profimedia

Русија ќе почне со распоредување тактичко нуклеарно оружје во Белорусија откако постројките ќе бидат готови на 7 и 8 јули, соопшти рускиот претседател Владимир Путин по денешната средба во Сочи со својот белоруски колега Александар Лукашенко.

„Значи, се е според планот, се е стабилно“, навел Путин, според транскриптот од разговорот објавен од Кремљ. „За најчувствителните прашања за кои се договоривме, сè се одвива според планот. Како што знаете, подготовката на соодветните капацитети завршува на 7-8 јули и веднаш ќе започнеме со активности поврзани со распоредување на соодветните типови оружје на вашата територија“, му рекол Путин на Лукашенко, пренесува Анадолија.

Двајцата претседатели веќе го одобрија планот за распоредување руски нуклеарни ракети со краток дострел на територијата на блискиот сојузник на Москва. Оружјето во Белорусија ќе остане под руска команда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот