Русија внимателно ги следи активностите на НАТО во вселената

Фото: Профимедиа

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Русија внимателно ќе ги следи активностите на НАТО во вселената и ги повика членовите на Алијансата да ги поддржат напорите на Москва за да спречи трка во вооружување во вселената.

НАТО претходно објави дека ги проширува своите операции во вселената, петтата оперативна зона, по копно, море, воздух и од неодамна кибер просторот.

– Ваквите изјави предизвикуваат загриженост. Военото планирање на Алијансата има за цел постигнување супериорност во сите средини со сите последици што произлегуваат од тоа, како што се милитаризација и ескалација на тензиите – рече Захарова.

Таа додаде дека Москва внимателно ќе следи како и на кој начин ќе се остварат уверувањата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека намерата не е да се распоредување оружје во вселената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот