Русија украде половина милион тони украинско жито, се жали Киев

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Украинскиот парламент ги обвини Русите дека украле повеќе од 500.000 тони жито од два окупирани региони.

Врховната Рада соопшти дека резервите биле однесени од „привремено окупираните региони, важниот пристанишен град на Црното Море, Херсон, како и од југоисточниот град Запорожје“.

„Излегува дека „втората“ војска во светот се орки, лажговци, силувачи, разбојници и крадци“, објави на својот официјален профил на Твитер Украинскиот парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот