Русија: Уапсени двајца мажи поради шпионажа за Естонија

Фото: EPA-EFE/MAXIM KARMAYEV

Руската Федерална служба за безбедност денеска соопшти дека привела војник и негов брат поради сомневање дека откривале државни тајни за Естонија. Војникот е приведен пред неговиот дом во Смоленск, а неговиот брат, кој е државјанин на Естонија, е уапсен во Псков.

Руската Федерална служба за безбедност не наведе какви информации се наводно пренесени на властите во Естонија, освен дека е покрената кривична постапка за велепредавство, дело за кое е предвидена затворска казна до 20 години.

Односот на Русија со балтичките држави, кои се членки на Европската Унија од 2004 година, и натаму е тензичен поради голем број на отворени прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот