Русија тврди: НАТО планира да ја заземе Украина и да ја подели меѓу Британија, Германија, Полска и Романија

украина мапа Обработка на податоци: Слободен печат. / Иван Самарџиев

Планот на НАТО за Украина во суштина значи распоредување во земјата на т.н „мировен контингент“ од околу 100.000 војници што би значела во пракса „окупација“ на земјата од Западот, а украинските територии би ги поделиле Велика Британија, Германија, Полска и Романија, објави Службата за надворешно разузнавање на Русија, пишува Геополитика.

Откако Западот сфати дека е невозможно да се победи Русија на бојното поле, НАТО се повеќе се приклонува кон замрзнување на украинскиот конфликт, со цел да ја врати борбената способност на украинските сили да се обидат да возвратат на Русија. За таа цел, во Украина е планирано распоредување на „мировен контингент“ од околу 100.000 луѓе, а тоа всушност ќе значи окупација на Украина и поделба на нејзините територии“, се наведува во соопштението на руската страна.

Истовремено, според информациите на Службата за надворешно разузнавање, се планира териториите да бидат поделени меѓу посочените држави на следиот начин: Црноморскиот појас треба да ѝ припадне на Романија, западните области на Украина на Полска, центарот и истокот на земјата на Германија, а северните области, вклучувајќи го и регионот Киев на Велика Британија.

Исто така, руската служба нагласува дека НАТО веќе распоредува центри за обука во Украина каде се планира да се обучуваат најмалку еден милион мобилизирани Украинци.

Затоа, според службата, очигледен е одговорот на прашањето дали на Русија и е потребна ваква варијанта на мировното решение во Украина, што го има предвид НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот