Русија тврди дека во Киев е погодена фабрика за оружје, а не станбена зона

Руското Министерство за одбрана денеска тврдеше дека се лажни обвинувањата дека во ракетен напад на украинската престолнина погодиле станбена зона.

– Лажна вест е дека руските сили погодиле цивилни мети во Киев. Ракетите прецизно ги погодија работилниците на фабриката Артиом. Штетите нанесени на соседната станбена зграда се последица од падот на украинските противвоздушни ракети, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Како што јави специјалниот известувач на „Слободен печат“ и „Утрински брифинг“ од Киев, Кристина Атовска, во денешниот напад биле убиени најмалку двајца цивили, а ранети се дваесетина луѓе.

Во соопштението од руското министерство се посочува и дека фабриката за производство на ракети во Киев била цел на напади и во април.

Украинските власти претходно соопштија дека едно лице загинало, а четворица се повредени и се пренесени во болница по нападите рано утрово врз станбена област во близина на центарот на Киев.

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО | Девојче и нејзината мајка тешко повредени во гранатирањето на Киев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот