Русија тврди дека нејзината војска уништила 700 воени цели во Украина

Руски војници во Украина /Фото: EPA-EFE/STRINGER

Портпаролот на Министерството за одбрана на Руската Федерација, генерал Игор Конашенков, изјави дека руските ракети и артилерија погодиле околу 700 украински воени цели во текот на изминатиот ден, а цел биле командни центри, војници и складишта за муниција.

Тој изјави дека ракетите истрелани од воздух погодиле три командни точки, 13 области каде се акумулирале војници и украинска воена опрема, како и четири складишта за муниција во Донбас.

Конашенков наведе дека во јужниот украински регион Николаев, руски ракети погодиле мобилен систем против дронови во близина на населбата Ханивка, на околу 100 километри североисточно од градот Николаев.

– Ракети и артилерија погодија 583 области каде што беа концентрирани војници и украинска воена опрема, 41 контролен пункт, 76 артилериски и минофрлачки единици на позиции за гаѓање, вклучително и три батерии „Град”, како и украинската станица за електронско војување Буковел во близина на населбата Ханивка, рече Конашенков.

Тој додаде дека од почетокот на специјалната воена операција, како што Русите ја нарекуваат инвазијата на Украина, руските сили уништиле 174 авиони, 125 хеликоптери, 977 беспилотни летала, 317 ракетни системи за воздушна одбрана, 3.198 тенкови и други оклопни борбени возила и 408 повеќецевни проектили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот