Русија трет ден по ред регистрира над 24.000 новозаразени, Индија со повеќе од 45.000 нови случаи

epa08823532 Health workers wait for Covid-19 patients outside a hospital complex in the Kommunarka settlement in Moscow, Russia, 16 November 2020. Russia is facing a second wave of Covid-19 infections amid the ongoing coronavirus pandemic. EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Во последните 24 часа во Русија се евидентирани 24.581 новозаразени со коронавирусот, а дневните биланси ја надминуваат бројката 24.000 трет ден по ред, објави денеска рускиот центар за кризи.

Бројот на оздравени пациенти во Русија во последните 24 часа се зголеми за повеќе од 18.000, на вкупно 1.595.443, што е 76,4 проценти од вкупниот број на потврдени случаи на ковид-19, објави ТАСС.

Во Индија, во последните 24 часа се потврдени 45.209 нови случаи на коронавирус.

Најмалку три индиски држави – Раџастан, Маѓиа Прадеш и Гуџарат – воведоа ноќен полициски час во многу градови. Вкупниот број на заразени лица во Индија е близу 9,1 милиони, а земјата е втора во светот според бројот на потврдени случаи на коронавирус, по САД.

Министерството за здравство на Индија објави дека уште 501 лице починало од вирусот, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата достигна 133.227 лица.

Иако се чини дека бројот на новозаразени лица расте побавно, експертите предупредуваат дека официјалните податоци можат да дадат лажна слика затоа што многу случаи на инфекција не се откриени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот