Русија, Србија и Германија во четвртфиналето на ЕП

cev.eu

Денеска продолжија возбудувањата на Европското одбојкарско првенство, после групната фаза започнаа и елиминациските осминафинални средби. Германија триумфираше над Холандија со 3:1, Русија која беше наш ривал во Љубљана ја оправда фаворитската улога против Грција, а Србите беа подобри од Чешка.

Руската репрезентација која е бранител на европската титула докажа уште еднаш зошто е и на овој шампионат еден од главните фаворити за златото.

Грците и не се покажаа како достоен ривал за Русите (25:16, 25:15, 25:16), да и македонската селекција загуби со 3:0, но барем беше нешто повозбудливо, а многу добро се сеќаваме на третиот сет.

Во четвртфиналето Русија ќе игра против победникот од дуелот Словенија-Бугарија, потоа Србите со подобриот од Белгија-Украина, а Германците против Полска или Шпанија.

Во Нант Франција ги одмерува силите против Финска, а Италија се соочува против турската репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот