Русија соопшти дека нејзините сили напредуваат во Донбас
Русија денеска соопшти за нови придобивки во источна Украина, велејќи дека нејзиниот упад на руска територија не успеал да ја одврати Москва да започне офанзива во регионот на Донбас.
Секретарот на Советот за безбедност, Сергеј Шојгу рече дека украинскиот упад во руската област Курск, кој започна на 6 август, имаше за цел да ја подобри преговарачката позиција на Киев и да ги одврати руските сили во Донбас.
„Имаме доволно сили, ја продолжуваме офанзивата“, изјави Шојгу.
Шојгу рече дека руските сили ја забрзуваат својата офанзива, заземајќи речиси 1.000 квадратни километри во период од осум дена во август и септември.
Во последните неколку недели, руските трупи напредуваат низ регионот на Доњецк во правец на Покровск, стратешкиот логистички центар на Украина.
Русија во понеделникот соопшти дека нејзините сили го зазеле селото Мемрик, на околу 24 километри југоисточно од Покровск.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека силите на Киев се распоредени во регионот на Доњецк.