Русија со реакција по убиството на иранскиот генерал Сулејмани: Ова е најлошиот можен развој на ситуацијата

Косачов додаде дека убиството на Сулејмани е најлошиот можен развој на ситуацијата и дека сето тоа „мириса на одмаздата на Вашингтон за неодамнешниот напад врз американската Амбасада во Багдад”.

Претседателот на Комитетот за меѓународни работи на Советот на Федерацијата Русија, Константин Косачов, рече дека убиството на командантот на елитната иранска единица Кудс во корпусот на Исламската револуционерна гарда, Касем Сулејмани, може да предизвика нови судири меѓу радикалните шиити во Ирак и припадниците на американската војска.

– Ова е тешка вест, која со себе носи можност за нови судири меѓу радикалните шиитски активисти во Ирак и Американците – истакна тој.

Косачов додаде дека убиството на Сулејмани е најлошиот можен развој на ситуацијата и дека сето тоа „мириса на одмаздата на Вашингтон за неодамнешниот напад врз американската Амбасада во Багдад”.

– Ако е така, одмаздата, верувам, ќе следи брзо. Ќе ми биде драго ако грешам затоа што војна е лесна да се почне и е тешко да се заврши, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот